Новоизбраниот папа Лав XIV изјави денес, за време на состанокот со претставници на други конфесии и цркви, дека ова е момент за дијалог и градење мостови, објавија италијанските медиуми.
„Убеден сум дека, ако се согласиме и се ослободиме од идеолошките и политичките условувања, можеме да кажеме „не“ на војната и трката во вооружување и „да“ на мирот и разоружувањето“, истакна папата, додавајќи дека во исто време можеме да ја отфрлиме економијата што ги осиромашува луѓето и планетата Земја и да прифатиме интегрален развој, објави агенцијата Анса.