Интер Мајами игра лошо во изминатиов период, а слабата форма ја искористи и нивниот ривал од Флорида, Орландо Сити кој рано утрово ги потопи на нивен терен со 3-0.
Домаќините пред две кола исто загубија со три разлика од Минесота и јасно е дека нешто не функционира кај составот кој го предводи Хавиер Маскерано. Муриел го отвори резултатот во првото полувреме, додека во вториот дел стрелаа Пашалиќ и Торхалсон за убедлив триумф на Орландо.
Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФК одиграа интересно градско дерби, меч кој заврши без победник 2-2, а го одбележа германскиот интернационалец Марко Ројс.
Некогашниот фудбалер на Борусија Дортмунд ги постигна двата гола, а посебно атрактивен беше оној во 87 минута кога го постави конечниот резултат.