Новата серија на Нетфликс „Football Parents“, на хумористичен начин ги прикажува родителите на децата кои играат фудбал, а посебно внимание привлече конотацијата со Сребреница.
Оваа серија доби просечна оцена во критики и рецензии, а веќе во втората епизода го прикажува дијалогот на родителите кои набљудуваат деца кои не се многу талентирани во играта.
Додека го гледаат тренерот како ги распоредува играчите, родителите потпрени на оградата велат: „Ова е како на суд за Југославија, исто како затворениците во логорот, како во Сребреница“.
Многу корисници на социјалните мрежи беа изненадени од оваа изјава, бидејќи ја поврзуваат со формацијата на момците на теренот, а некои и со слабоста на нивната одбрана.
Многу корисници на социјалните мрежи беа изненадени од оваа изјава, бидејќи ја поврзуваат со формацијата на момците на теренот, а некои и со слабоста на нивната одбрана.
Индикативно е и тоа што серијата доаѓа од Холандија, односно земја чиј контингент војници како дел од Обединетите нации бил стациониран во Сребреница во времето кога се извршувал геноцидот.
Исто така, многу нејаснотии наметна и фактот што овој дијалог е поставен заедно со поставата на зелениот терен во комичната серија. Покрај тоа, на корисниците на социјалните мрежи и гледачите на серијата не им е јасно како се регулира содржината што ја емитува Нетфликс.