[ВИДЕО] Вака во 80-тите изгледале Југословенките на плажа и сите гледаат во нивните лица и килограми! 40 години подоцна сè е поинаку, ботокс и силикони – природниот изглед во заборав

Точка

17/05/2025

18:02

2.341

Големина на фонт

а а а

Кога ќе се вратите во не така далечното минато, и ќе дознаете или се сетите како изгледале и како се облекувале тогаш жените, сфаќате дека природната убавина без ботокс и силикони била на пиедестал, а денес се наметнуваат како водечки стандард. Видео од 1985 година од Јадранот нè потсетува на природноста, како по изглед, така и по однесување.

„Разновидна убавина без пластика … секоја жена е убава и среќна“, „Прекрасно. Секоја има свое лице, не изгледаат сите исто“, „Секоја е различна, и секоја е убава на свој начин“, „Забележувате ли како сите жени биле згодни?“, „Ни беше преубаво, немаше пластика и ботокс, вистинско време“, „Прекрасен свет, сите природни убавини, убава мода“, „Секој имал некој свој фазон – денес сите се копии на евтини ликови“, „Не постоеја социјални мрежи, па сите излегуваа од дома и комуницираа меѓусебно“, се коментираат на Инстаграм Југословенките посочувајќи на разни пораки на видеото од осумдесеттите години.

Природната убавина владеела, немало униформност донесена од експанзијата на пластичната хирургија, ботоксот и силиконите, но и социјалните мрежи од кои одреден изглед се пласира како најубав, а со самото тоа и најпосакуван.


Немало униформност ниту во облеката. Многумина се труделе со стилот да ја изразат својата оригиналност и да се разликуваат од другите, додека денес е сосема поинаку бидејќи „не си доволно добро облечен ако не го носиш тоа што го носат другите“. Не сметајќи ги костимите за капење, трендовите биле далеку поодмерени, а и самите костими за капење поредуцирани од денешните хит модели.

Во меѓувреме, спонтаноста која доминира на оваа снимка исчезнала. Луѓето уживале во моментот без поривот да го направат најубавото селфи, обработувајќи го со разни филтри и дури потоа објавувајќи го на социјалните мрежи.

Многумина забележуваат дека тогаш немало дебелина, барем судејќи по ова видео, а споредено со денешното време кога тоа е проблем за кој не може да се најде трајно решение.

Луѓето биле многу повеќе фокусирани еден на друг, на контакт во живо, на живот во живо. Затоа ова видео и денес, 40 години подоцна, буди неверојатна носталгија на Југословените, додека на генерациите родени во друго време им покажува дијаметрално спротивна реалност од онаа во која живеат денес.