Ексдиректорите на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор за пожарот во модуларната болница.
Болницата ќе треба да плати 1 милион денари.
Ова е втора пресуда за случајот откога во првата беше досудена условна казна за директорите Бесими и Етеми, која беше поништена од Апелациониот суд во Гостивар. Обвинителството повторно побара затвор нагласувајќи ја одговорноста на директорите за непочитување на противпожарните прописи.
Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септемврри 2021 година, при што животот го загубија 14 луѓе.