[ВИДЕО] Започна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Макфакс

16/05/2025

11:22

987

Големина на фонт

а а а

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина започна во петокот во Истанбул под водство на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

САД ги претставуваат државниот секретар Марко Рубио, амбасадорот во Турција Том Барак и специјалниот претставник за Украина, генерал Кит Келог.

Во делегацијата на Украина се вклучени Андриј Јермак, шеф на претседателската канцеларија, министерот за одбрана Рустем Умеров и министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.

Трилатералниот дијалог е фокусиран на мирот меѓу Украина и Русија, објави Анадолија.

Украинската делегација во Истанбул се сретна со претставници на САД, Велика Британија, Германија и Франција

Утрово во Истанбул, украинскиот советник за национална безбедност Андриј Јермак, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров се сретнаа со советници за национална безбедност од Велика Британија, САД, Германија и Франција.