[ВИДЕО] Силно невреме погоди делови од САД: Падна град со големина на јајце, тревога за торнадо

Макфакс

16/05/2025

10:08

460

Големина на фонт

а а а

Силно невреме што ги погоди Минесота, Висконсин, Илиноис и Мичиген предизвика можност за торнада, соборени дрвја и далноводи, а обилните врнежи од дожд го прекинаа концертот на пејачката Бијонсе во Чикаго.

Иако не се пријавени смртни случаи или сериозни повреди, бурата предизвика проблеми во неколку држави, пишува NBC News.

Во Чикаго, концертот на отворено, кој се одржа на стадионот „Солдер Филд“, мораше да биде одложен за неколку часа поради временските проблеми.

Националната метеоролошка служба предупреди на можноста за налети на ветер до 130 километри на час.

Во четвртокот, речиси 400.000 домаќинства и бизниси останаа без струја во Висконсин, Илиноис, Индијана и Мичиген.

Имаше 12 пријави за потенцијални торнада во регионот, претежно во Висконсин, пренесува медиумот.

Во областа Медисон во Висконсин, пријавени се врнежи о град со големина на јајце.

Метеоролозите предвидуваат дека дополнителни бури би можеле да го зафатат регионот ова попладне, вклучувајќи ги Мисисипи, Тенеси и Охајо.

Се очекуваат силни ветрови, град, штети во инфраструктурата и можни торнада.