Организаторите на Олимписките игри во Лос Анџелес го избраа "Archer Aviation" за официјален партнер за електрично воздушно такси за Игрите во 2028 година, нарекувајќи го ова досега невидено партнерство дел од нивната мисија за повторно осмислување на најголемиот светски спортски настан со поглед кон иднината.
Електричните летала "Midnight eVTOL" на компанијата "Archer' можат да превезуваат до четворица патници, и се очекува да бидат користени за превоз на ВИП гости, навивачи и партнери од локации за полетување и слетување во близина на клучните олимписки места. Покрај тоа, ќе бидат вклучени и во поддршка на итни служби и безбедносни операции.
„Сакаме да го трансформираме начинот на кој луѓето се движат низ Лос Анџелес и да оставиме наследство што ќе ја обликува иднината на транспортот во Америка“, изјави Адам Голдстин, извршен директор и основач на "Archer Aviation".
„Нема подобар момент за тоа од Олимписките игри LA28“, додава тој.
Се очекува Лос Анџелес – град познат по своите сообраќајни метежи – да пречека повеќе од 15 милиони посетители за време на Игрите, при што настаните ќе бидат распоредени низ целиот град.
„Нашата визија е суштински да го редефинираме искуството на Олимписките и Параолимписките игри, а ова партнерство претставува неверојатна можност да се испорача нешто невидено досега, претставувајќи го најдоброто од тоа што Лос Анџелес може да го понуди пред светот – изјави претседателот на „LA28“, Кејси Васерман.