Ајакс според многумиа беше сигурен нов шампион во Холандија на пет кола пред крајот во најсилната фудбалска лига бидејќи имаше предност од девет бода во однос на ПСВ, но фудбалот уште еднаш ни покажува дека е неверојатно непредвидлив спорт во кој брзо можат да се променат работите во секој момент.
„Копјаниците“ влегоа во страшна криза во критичен дел од сезоната и немаат победа на последните четири меча, а на вчерашниот натпревар против Гронинген си „пукаа во колено“ со играч повеќе во 99-та минута.
Ајакс водеше со 0:1 и 1:2 и имаше човек повеќе на теренот поради црвен картон на домаќините, но Гронинген и во таква ситуација израмни на 2:2 во 99-та минута и му зададе тежок удар на гостинот.
Великанот од Амстердам испушти десет бода во последните четири кола, па сега во пресрет на завршната рунда во Ередивизијата ПСВ е тој кој има се во свои раце.
Тимот од Ајндховен е во серија од шест победи во низа и последната ја оствари над Херкулес со 4:1, па сега има еден бод предност пред завршната рунда во Холандија.
ПСВ во последното коло игра против Спарта Ротердам на гостински терен, додека Ајакс дома го пречекува Твенте.
Wat een beelden! 📲😍#GROAJA pic.twitter.com/K0bQI7cQu7
— FC Groningen (@fcgroningen) May 14, 2025
Wat een beelden! 📲😍#GROAJA pic.twitter.com/K0bQI7cQu7
— FC Groningen (@fcgroningen) May 14, 2025





