Тинејџерка во Ровињ пријавила дека била силувана: отишла на државно натпреварување, била нападната во текот на ноќта

Макфакс

14/05/2025

17:54

373

Големина на фонт

а а а

Хрватската полиција започна истрага откако малолетнича пријавила силување кое наводно се случило ноќта на 7 мај во станбениот комплекс во Истра каде што се одржувал државниот натпревар за средношколци.

Според „Јутарњи лист“, случајот го води Личко-Сењската полиција, со оглед на локацијата каде што е примена пријавата. Малолетничта пријавила силување во присуство на возрасен член на семејството, врз основа на што полицијата направила записник и веднаш започнала со преземање на други службени дејствија.

По анонимна дојава од загрижени родители според написите на „Јутарњи лист“ тие побарале итна истрага поради овој случај, бидејќи веруваат дека силувањето се случило поради небрежност на возрасните кои ги придружувале учениците на државниот натпревар.

Во писмото, тие ги наведуваат имињата на лицата (образовните работници) за кои сметаат дека не презеле основни мерки за заштита на малолетниците, односно ги оставиле без надзор во текот на ноќта.

Според нивните информации, настанот се случил помеѓу 00:30 и 03:30 часот, а околу 16:00 часот малолетничката се јавила кај својата пријателка и ѝ кажала што се случило.

Во тек е серија интервјуа, со оглед на големиот број луѓе кои дознале за случајот бидејќи се појавила паника и нервоза кај децата и родителите. Клучни ќе бидат наодите од гинеколошкиот преглед на жртвата, по што полицијата ќе го испраша осомничениот млад човек, пренесува медиумот.

Кога ќе заврши кривичната истрага, полицијата ќе поднесе извештај до надлежното државно обвинителство врз основа на собраните информации.