Деко искрено за сезоната на Барселона: Ги надмина нашите очекувања, идејата беше…

Дерби

14/05/2025

12:23

212

Големина на фонт

а а а

Се ближи крајот на оваа сезона во фудбалска Европа, а една од екипите која ја одбележа дефинитивно е Барселона.

Каталонците се на чекор од освојување на пехарот во Примера и со тоа комплетирање на доминацијата во Шпанија, додека пак во Лигата на шампионите дојде до полуфиналето каде по една драма со Интер загуби со 7-6.

Сето ова зборува за тоа каква година имаше Барселона, клуб соочен со проблеми на финансиски план, клуб кој едноставно мораше пред се да се потпре на играчите од својата школа. Ова сигурно ќе биде мотив за уште подобра Барса во иднина, меѓутоа јасно е дека тоа нема да биде лесно под овие околности и по една ваква година која е изненадување и за најважните луѓе во клубот.

- Идејата на почетокот на сезоната, со промените што ги направивме, беше да се натпреваруваме. Натпреварувањето значи борба со врвните тимови. Сезоната малку ги надмина очекувањата, бидејќи се натпреварувавме против силен тим на Реал Мадрид и само поради мали разлики не сме во финалето на Лигата на шампионите.

- Да стигнеме до крајот на сезоната, да се натпреваруваме за сè, тоа беше идејата. И веќе го освоивме шпанскиот Суперкуп и Купот на кралот, - истакна спортскиот директор Деко за „ЕСПН“.