Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.
Во натпревар полн со пресврти Glass LUX подобар од Окта
Glass LUX 7-5(5-3) Окта
Glass LUX: Мартин Цветковски 3”, Давид Блажевски 7” 20”, Александар Ристовски 16”, Филип Стајковиќ 16” 39”, Далибор Костовски 36”
Окта: Живко Котевски 6”, Иван Мицевски 9” 32”, Драганчо Ѓорѓиевски 10”, Владислав Илиќ 21”
Натпреварот помеѓу Glass LUX и окта се играше гол за гол од самиот старт. Екиапта го отвори екиапта на Glass LUX во 3” преку Цветковски кој со гол успеа да му донесе предност на својот тим од 1-0. По не цели три минути игра кај Окта проработе Котевски кој со маестрален гол го израмни резултатот на 1-1. И двете екипи најизменично се менуваа во водството се до 16” кога Glass LUX со два гола во низа успеа да стекне предност од 5-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи играа нешто по дефанзивно. Беа фокусирани на играта во одбраната. Во ваквата игра успеаа да постигнат по два гола со што Glass LUX успеа да ја сочува предноста од првото полувреме и го доби овој натпревар со 7-5.