Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 кубни метри бесправно исечено огревно дрво

Макфакс

13/05/2025

11:44

167

Големина на фонт

а а а

Вчера, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку дебарски села, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија.

Притоа, во близина на селото Дренок, пронајдени се две товарни моторни возила со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, една работна машина за пробивање на шумски патишта и околу 200 метри кубни исечени букови дрва подготвени за товарање и транспорт без соодветна документација.

Во координација со јавен обвинител, Јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, како и надлежниот инспекторат, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „пустошење на шуми“.