Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Макфакс

12/05/2025

17:16

183

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека верува оти сè оди кон средба на Русија и Украина на преговарачка маса во четврток.

„Мислам дека од таа средба можат да произлезат добри работи“, рече Трамп на настан во Белата куќа, објави Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но само лично со Путин, објави Танјуг.