Беровец пренесен в болница, со трактор паднал во река во Пехчево и се повредил

Макфакс

12/05/2025

15:43

245

Големина на фонт

а а а

Пехчевската полиција вчера попладне добила пријава за повреден 58- годишник кој со трактор паднал во река.

58-годишник се повреди вчера откако со трактор падна во река во близина на Пехчево. Несреќата е пријавена во пехчевската полиција, а повредениот веднаш е пренесен на лекување во Скопје.

„На 11.05.2025 во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат, кај место викано ’Скокото’ кај Равна река, Пехчевско, И.Д.(58) од Берово, управувајќи трактор ’МТ 533’ со приколка, се превртел и со тракторот паднал во река. Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники ’Мајка Тереза’ Скопје за укажување лекарска помош“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на несреќата направила увидна екипа од ОВР Берово.