Чаби подготвен за новата авантура во тренерската кариера: За успех се потребни две работи

Дерби

12/05/2025

11:14

513

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо вчера за последен пат го водеше Баер Леверкузен на „БајАрена“, натпревар кој не му ја тргна насмевката од лицето и покрај тоа што неговиот тим претрпе неочекувано тежок пораз од Борусија Дортмунд со 2:4.

Фановите на Леверкузен се погрижија за извонредно испраќање на тренерот кој испиша фудбалска историја во клубот, па пораките за благодарност и овациите се нешто што вечно ќе остане во сеќавање на Шпанецот, кој по натпреварот секако мораше да говори и за својата иднина.

Цела Шпанија го гледа Чаби како наследник на Карло Анчелоти и нов тренер на Реал Мадрид, а пред да дојде до официјална потврда на оваа информација, Алонсо посочи дека е подготвен за една нова авантура во својата кариера.

– Ќе видиме што ќе ми донесе поблиската иднина, јас само барам да бидам среќен на местото на кое ќе одам.

– За успех се потребни две работи во фудбалот, а тоа е напорна работа и добар тим. За еден тренер важно е да има нови искуства и да прави различни работи во кариерата. Јас сум подготвен за такво нешто, – изјави Чаби.