Конте по големиот кикс на Наполи: Го потрошивме бонусот

Дерби

12/05/2025

11:03

240

Големина на фонт

а а а

Наполи ја темпираше формата за самата завршница од сезоната и влезе во последните три рунди со предност од три бода пред Интер, но сега во завршните две кола ситуацијата ќе биде далеку поинтересна, од едноставна причина што тимот на Антонио Конте вчера ремизираше со Џенова.

Неочекуваниот кикс на домашен терен значи дека Наполи веќе нема право на грешка, бидејќи секое невнимание и победа на Интер во последните две кола, на крајот ќе значи дека тимот од Милано е тој што ќе ја освои титулата.

Скудетото по се изгледа ќе се решава во последното коло во италијанската елита, а пред да дојдат на ред натпреварите Наполи-Калјари и Комо-Интер, двата ривали за титулата во следната рунда ќе играат против Парма, односно Лацио.

Конте беше разочаран што неговиот тим испушти два бода на натпервар на кој доминираше со примен гол во завршницата со 2:2, па јасно им порача на своите фудбалери дека го потрошиле бонусот за испуштање бодови во завршните две рунди.

– Не заслуживме да испуштиме два бода, но мора да запамтиме дека го потрошивме бонусот кој го имавме во рака. Потребни ни беа седум бодови од три рунди за титула, а сега ни требаат шест бода од два натпревари. Ако успееме да го направиме тоа, тоа ќе биде нешто неверојатно.

– Во завршните две рунди ќе се соочиме со цел која изгледаше незамислива на стартот на сезоната. Ако успееме да стигнеме први до крај, тоа ќе биде неверојатно, навистина го мислам тоа. Овие фанови на Наполи заслужуваа да се радуваат на крајот од сезоната, – изјави Конте.