Обложувалниците прогнозираат дека Филипинецот Луис Тагле ќе биде новиот папа, Паролин е втор фаворит

Точка

08/05/2025

14:39

1.098

Големина на фонт

а а а

Конклавата за избор на 267-от поглавар на Римокатоличката црква започна во средата, со учество на 133 кардинали од целиот свет.

Според најновите квоти од обложувалниците, филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле се наметнува како водечки кандидат за нов папа. Италијанскиот кардинал Пјетро Паролин е втор фаворит на листата.


Коефициентите за другите потенцијални кандидати остануваат стабилни — за Италијанците Матео Цупи и Пјербатиста Пицабала тие изнесуваат 6. Во меѓувреме, коефициентот за кардиналот Питер Турксон од Гана е зголемена од 5 на 9.

На списокот се појавува и Американецот Роберт Франсис Превост, но неговите шанси се оценуваат како помали, особено поради неговата млада возраст — има само 50 години.


И денес од оџакот на Сикстинската капела се појави црн чад, што значи дека и вториот круг на гласање не донел избор на нов папа, јавува "Reuters". Првото гласање се одржа синоќа, а кога конечно ќе биде избран новиот папа, од оџакот ќе се појави бел чад — симбол на успешна одлука.

Конклавата, која започна во средата, е трета по ред во последните две децении. Претходните — во 2005 и 2013 година — траеја по само два дена. Папата Франциск беше избран во 2013 година, по два круга гласање. Тој почина на 21 април, на 89-годишна возраст, и беше погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.