Јокиќ по потопот од Оклахома: Ова не смееме да го заборавиме…

Дерби

08/05/2025

11:26

2.226

Големина на фонт

а а а

Денвер Нагетс беше надигран и понижен од Оклахома Сити Тандер во вториот натпревар од полуфиналето во западната конференција во НБА лигата.

Клубот од Колорадо беше совладан со 149:106 во меч во кој се беше готово во првиот дел во кој домаќините беа неверојатно ефикасни и постигнаа 87 поени, односно создадоа предност од 31 разлика.

Лидерот на гостите Никола Јокиќ имаше меч под своето ниво, заработи шест лични грешки и на крајот заврши со 17 поени, 8 скока и 6 асистенции.

- Не игравме. Само еден тим се појави на теренот. Промашувавме, ја губевме топката, а тие нè поминаа како што сакаа. Тие беа многу подобри од нас и затоа резултатот беше вака лош. Што треба да направи тренерот? Тоа што е потребно. Не е негова вина. Сите сме виновни. Мислам дека и тој, но и сите како група тоа го делиме. Никој не треба никого да издвојува, - рече Јокиќ кој смета дека не смеат да го заборават овој пораз.

- Не смееме да го заборавиме ова. Мораме да извлечеме поука од ова и да бидеме многу подобри во следните натпревари. Направивме грешки, не го направивме она што го направивме во првиот натпревар, - заклучи Србиот.