Пакистански безбедносни извори тврдат дека собориле пет борбени авиони на индиските воздухопловни сили и едно беспилотно летало за време на индискиот напад, објавија дописниците на Си-ен-ен СофСпоред соопштението доставено до новинарите, три француски авиони „Рафал“, еден МиГ-29 и еден СУ-30, како и индиско извидувачко беспилотно летало „Херон“, биле соборени во одбранбената акција.
Според соопштението доставено до новинарите, три француски авиони „Рафал“, еден МиГ-29 и еден СУ-30, како и индиско извидувачко беспилотно летало „Херон“, биле соборени во одбранбената акција.
Истата информација ја потврди и друг висок функционер на пакистанската влада.
Во извештајот не се наведува точната локација или начинот на кој авионите биле соборени. Претходно вечерта, пакистанските власти тврдеа дека собориле три авиони и едно беспилотно летало.
Си-ен-ен не беше во можност независно да ги потврди овие тврдења и ја контактираше индиската влада за коментар.
Постојат и други непотврдени извештаи за поголема штета нанесена од пакистанските сили, и копнени и воздушни, врз индиските сили.