На повидок нова размена помеѓу Лејкерси и Далас

Макфакс

06/05/2025

15:00

1.406

Големина на фонт

а а а

Лејкерси имаат очајна потреба од центар и го пронајдоа во Далас, па затоа се очекува уште една размена на играчи меѓу овие два тима во следниот период.

Франшизите од Калифорнија и Тексас засекогаш ќе бидат поврзани, без разлика дали им се допаѓа или не, поради историската размена на Лука Дончиќ што се случи оваа сезона и заминувањето на Ентони Дејвис во спротивна насока.

Како што стојат работите, тоа нема да биде единствената високопрофилна размена на овие две организации за само неколку месеци.

Добро информираниот НБА инсајдер, хроничарот на Далас, Тим Мекмахон, тврди дека центарот на Маверикс, Даниел Гефорд, ќе биде разменет во Лејкерс, за Руи Хачимура.

„Езерџиите“ на овој начин би го решиле горливото прашање на центарската шпозиција.

Во исто време, тие би му донеле на Дончиќ добро познато лице и играч со кого имал одлична соработка на теренот во дресот на Далас, а навикнувањето на новата средина и играта на Лејкерс би било поедноставно за Гефорд.

Од друга страна, Хачимура би бил квалитетно засилување во составот на Далас, со просек од 13,1 поен и 5 скока по натпревар оваа сезона, што му дава на тимот на Џејсон Кид дополнителна сила во надворешната линија.