Во нашето раздвижено и сакано Скопје, секој ден може да се искуси различна авантура. Ако се има желба, нашиот град може да понуди спој на културни, кулинарски и книжевни задоволства кои ќе задоволат различни вкусови.
Ако сакате малку поинаква недела, а немате идеја што да правите ова е нашиот предлог:
1. Четврток почнува Саем на книгата 2025: Врвот на неделата е несомнено долгоочекуваниот Саем на книга во арената Борис Трајковски. Овој настан не е само за библиофилите, нуди и огромен избор на книги и за широката публика и за оние што за прв пат ќе се решат да нурнат во светот на литературата. На овој годишен настан не се работи само за купување книги туку и за искуството во кое се слави убавината на читањето, возбудата од откривањето нови приказни и задоволството од средбата со автори или љубители на книги. Покрај забавата секој може да се вклучи во разновидни дискусии и да се втопи во еден чудесен книжевен свет. Саемот на книгата е суштинско место за секој кој сака да ја збогати душата и полицата.
2. Петок- десерт во Скај Бар Панорамика: Скриено од урбаниот метеж и градската бучава, ова е место каде ќе ја пронајдете дефиницијата за удобност и квалитет. Низ стаклените ѕидови ќе ја видите панорамата на главниот град, а она што ќе ве пречека во внатрешноста ќе направи да се чувствувате како рок ѕвезда. Проверете зошто сите зборуваат за „најубавиот прозорец со поглед кон Скопје“!
3. Сабота – на ручек во Сидро, а вечер на концерт на Ареа во Public Room во 21:00.
Во ресторани Сидро гостите може да ги пробаат најдобрите ракови, пржени каламари, ракчиња во кадаиф, лосос и рижото. Секое јадење нуди автентични вкусови кои долго се чувствуваат. Ова е идеално место за посета со семејството, каде може целосно да се опуштите, да се напиете убаво македонско вино, да нарачате свежи салати. А вечерта да ја завршите со легендарната рок група Ареа.
Активностите секогаш треба да се изберат за да понудат спој на слободно време, култура и интелектуална стимулација. Стремежот кон разновидни искуства оставаат трајни спомени.