Куклите Барби стануваат нова жртва на царинската војна на Трамп

Макфакс

06/05/2025

11:08

226

Големина на фонт

а а а

„Па, може децата да имаат две кукли наместо 30“, се намурти американскиот претседател минатата недела. Сега цените навистина растат. Барби е на прагот да стане поскапа – и за тоа можете да му се заблагодарите на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Политико.еу.

Набргу откако Трамп воведе царини на играчките произведени во Кина и на други места, „Мател“ – гигантот за производство на играчки и пронаоѓач на иконската Барби – планира да ги зголеми своите цени во САД, соопшти компанијата.

„Мател“ произведува околу 40 проценти од своите играчки во Кина, на која администрацијата на Трамп им воведе царини од 145 проценти, тврдејќи дека Пекинг се однесува неправедно кон САД во трговијата.

Производителот на играчки соопшти дека ќе премести дел од своето производство надвор од Кина во обид да го диверзифицира својот синџир на снабдување и да ја преброди царинската бура.

Сепак, во незаборавните коментари минатата недела, Трамп ги минимизираше загриженостите дека неговите таканаречени реципрочни царини ќе ги зголемат трошоците за стоки и ќе доведат до недостиг.

„Па, можеби децата ќе имаат две кукли наместо 30 кукли, а можеби двете кукли ќе чинат неколку долари повеќе отколку што би чинеле нормално“, рече тој.

Анкета што беше спроведена минатиот месец меѓу 400 американски компании за играчки од страна на Здружението на играчки покажа дека речиси половина од нив веруваат дека поради царините на Трамп би можеле да банкротираат.