Шок во Бундестагот: Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Макфакс

06/05/2025

10:41

1.865

Големина на фонт

а а а

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да стане германски канцелар во првиот круг од гласањето, задавајќи изненадувачки удар на неговата нова коалиција со социјалдемократите.

69-годишниот Мерц, кој ја предводеше Христијанско-демократската унија до федералната победа во февруари и се договори за коалиција со социјалдемократите (SPD), доби само 310 гласови во долниот дом на парламентот, изјави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Му беа потребни најмалку 316 гласови за да биде избран во првиот круг.


Клокнер ја прекина седницата за да можат парламентарните групи да одржат консултации за следните чекори.

Бундестагот сега има 14 дена да го избере Мерц или друг кандидат за канцелар со апсолутно мнозинство, а нов круг гласање би можел да се одржи уште денес.


Христијанските демократи на Мерц ги добија изборите во февруари со 28,5 проценти од гласовите, но им треба барем еден коалициски партнер за да формираат мнозинска влада.

Вчера тие потпишаа договор за коалиција со социјалдемократите, кои освоија само 16,4 проценти на изборите, што е најслабиот резултат во историјата на партијата од крајот на Втората светска војна.