[ВИДЕО] Гледачите за оваа серија велат дека е вистинско ремек-дело: „Ја изгледав во еден здив“

Точка

06/05/2025

09:40

2.820

Големина на фонт

а а а

Публиката има уште неколку недели да ја погледне мини-серијата „Little Fires Everywhere“ која многумина ја нарекуваат вистинско ремек-дело, затоа што наскоро ќе биде отстранета од платформата „Prime Video“.

Серијата премиерно била прикажана во 2020 година и се занимава со приказните на наизглед совршеното семејство Ричардсон.

Актерката Рис Витерспун го толкува ликот на Елен Ричардсон, новинарка и мајка на четири деца, додека нејзиниот сопруг Бил го толкува Џошуа Џексон.

Нивната ќерка Лекс ја толкува Џејд Петиџон, Кери Вошингтон ја толкува улогата на Миа Ворен, уметничка и мајка.

Мини-серијата е снимена по истоимениот роман на Селеш Инг од 2017 година и постигнала голем успех. На сајтот „Rotten Tomatoes“ има оцена од 79% додека пак на „IMDB“ има оцена 7,7 од 10.

Сепак, без оглед на одличните критики, се очекува серијата од осум епизоди да биде отстранета од платформата „Prime Video“ за околу еден месец.

„Ја изгледав во еден здив“

Гледачите оставиле бројни позитивни коментари за серијата:


„Вистинско ремек-дело. Убедлива приказна која покажува дека општеството може да уништи едно семејство“, „Серијата е толку напната што не можев да престанам да ја гледам. Глумата е извонредна“, „Најдобрата серија која сум ја гледал после долго време. Секој лик има своја перспектива и со секој може да се споредите“, „Исклучително интересна и моќна приказна. Прекрасна глума“, „Ме воодушеви серијата. Ја изгледав во еден здив затоа што не можев да дочекам. Одлична приказна и актерскиот аспект на серијата е прекрасен. Топла препорака“, се дел од коментарите.

Сепак, не се сите воодушевени:

„Ниту еден лик не ми беше симпатичен“, „Една од најлошите екранизации на книги. Целосно ја измениле приказната и ја претвориле во сапуница“.