Ботаника Урбана Кафана со уникатна активност за промоција на Саемот на книга

Точка

05/05/2025

14:54

316

Големина на фонт

а а а

Комбинирајќи ги убавата храна и љубовта кон пишаниот збор, денеска во ресторанот „Ботаника Урбана Кафана“ на уникатен начин се промовираше новото издание на Саем на книга, кој оваа година ќе се одржи под слоганот „Храна за душа“.

Официјалниот дизајн на овогодинешното 37-мо издание на Саемот на книга утрово се најде на масите во скопскиот ресторан „Ботаника Урбана Кафана“. Навистина интересен начин на кој ресторанот успеа да го привлече вниманието и да го препорача овој културен настан пред своите гости.


“Излупеното јаболко” со сигурност им го отвори апетитот на книжевните сладокусци и им покажа каде можат да најдат повеќе „Храна за душа“. Со ова „Ботаника Урбана Кафана“ уште еднаш потврди дека не само што е место за врвно гурманско искуство, туку и локал кој поддржува култура и вистински вредности.


И оваа година, Саемот на книга ќе се одржи во арената Борис Трајковски во Скопје. Вратите ќе бидат отворени за посетители од 8 до 14 мај, а во текот на седумте саемски денови посетителите ќе можат да се запознаат со огромен број наслови од домашни и странски автори, да учествуваат во специјално организираните активности и да си одберат книга која сакаат да ја прочитаат. А секако пред, и по саем сите се добродојдени во „Ботаника Урбана Кафана“.


Комерцијален текст