[ВИДЕО] Експлозија во Москва: има мртви и ранети, се шират снимки

Макфакс

05/05/2025

07:18

2.464

Големина на фонт

а а а

Во југозападниот дел од Москва вчера се случи силна експлозија во повеќекатна зграда на улицата Генерал Тјуленев. Според неофицијални информации, експлозијата била предизвикана од гас и предизвикала голем пожар што ги зафатил становите на деветтиот кат од зградата.

Според извештаите, делови од еден кат се урнале, при што загинале неколку лица, а повеќе од 15 биле повредени. Некои од жителите беа заробени на горните катови, каде што повикаа на помош низ прозорците додека пожарникарите се обидуваа да го локализираат пожарот и густиот чад.

Според локалните медиуми и очевидци на терен, пожарот брзо се проширил низ неколку станови, а службите за итни случаи сè уште ја пребаруваат зградата. Нема официјална потврда за причината за експлозијата, но се шпекулира дека станува збор за дефект на гасната инсталација.

Руските власти сè уште официјално не го објавија бројот на загинати и повредени.