Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив?

Макфакс

05/05/2025

14:42

403

Големина на фонт

а а а

Венко Филипче е опкружен со криминалци и уживатели на дрога, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој покажа фотографии на кои, според него, Филипче е со Андон Стојков, кој, како што рече Манасиевски, пред два дена во Штип бил фатен од страна на полицијата со дрога.

„Андон Стојков е поранешен претседател на СДММ Струмица и важи за близок човек до Зоран Заев и Венко Филипче. Ова е Андон Стојков во друштво на Венко Филипче. Од фотографијата се гледа дека истата не е случајна, ниту пак дел од некој масовен настан, па да се рече дека Филипче не знаел со кого се фотографира. Ова е фотографија на Андон Стојков со Зоран Заев, во пријателска атмосфера на заедничка забава“, рече Манасиевски, покажувајќи фотографии.

Тој го праша Венко Филипче со уште колку криминалци е опкружен и што тој има заедничко со нив?