Крос со комлименти за ѕвездата на Барселона: Тој е најдобриот на светот на неговата позиција

Дерби

05/05/2025

12:53

712

Големина на фонт

а а а

Ова е седмица во која на програмата е големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, меч закажан за в недела на „Можуик“, меч кој може да ја одлучи трката за титулата во Примера.

Каталонците имаат предност од четири бода и со евентуален триумф ќе отидат на плус седум на три кола до крајот што би била круцијална позитива во битката за трофејот, но ако слават „кралевите“ тогаш ќе дојдат на минус еден што ќе донесе невидена драма до самиот крај.

Тони Крос долго време беше директен учесник во овие битки на шпанските великани и добро знае какво значење имаат. Овој пат тој не говореше за тоа туку за асот на Барселона кој е потценет, односно ретко кој го става во прв план говорејќи за успесите на екипата во сезоната-тоа е Педрo Гонзалес Лопез или попознат како Педри.

- Педри е најдобар во светот на својата позиција. За мене, играч како Педри е поважен од Јамал, Рафиња или Левандовски. Тие се оние кои го одлучуваат исходот на натпреварите. Педри е играч кој ви недостига кога не игра, без разлика против кого играте. Тој не постигнува само голови, не дава само асистенции, тој нуди решенија.

- Гледав што прави Педри оваа сезона и само во Лигата на шампионите, тој ги надигрува своите противници во секој натпревар. Не е како со Меси, каде што се гледа неговата брзина на движење. Педри не изгледа толку брз, но навистина е. И е брз поради тоа колку му е лесно, - порача Германецот.