Хари Кејн конечн дојде до првиот трофеј во неговата кариера и тоа во втората сезона како член на германскиот великан Баерн Минхен.
Баерн благодарение на неуспехот на Баер Леверкузен против Фрајбург и официјално беше крунисан во нов шампион. Ова значи дека „бааврците“ по само една година одново се враќаат на тронот во Бундеслигата, а со тоа во исто време му овозможија специјален момент на својот најдобар напаѓач Кејн.
Англичанецот дојде во Минхен токму за овие моменти, меѓутоа дури во втората година дојде до пехар што е навистина чудно затоа што бундеслигашот е клуб кој постојано освојува пехари од сезона во сезона.
„Фор-фор-тунс“ на свој начин ова го одбележаа, а во прв план дефинитивно се чиститките на Томас Милер со коментарите дека се ближи крајот на светот, односно дали ова е знак за апокалипса.