Приведен возач од Тетово, кој со „бмв“ возел 151 километар на час на место на кое е дозволено 80

Макфакс

29/04/2025

11:36

331

Големина на фонт

а а а

Вчера на патот Гостивар-Тетово, кај клучката Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Р.(40) од селото Мала Речица, поради брзо возење.

Од МВР велат дек управувал автомобил ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 километар на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за безобѕирно управување со моторно возило“.