ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче сака власт за да ја имплементира неговата разработена шема – евро за Вицето?

Макфакс

29/04/2025

09:40

214

Големина на фонт

а а а

Венко Филипче отворено призна дека до милиметар ги следи политиките на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев. Филипче, исто така, тврди дека нема друг како Заев, треба да се искористи неговото искуство и дека од неговите методи народот треба да учи, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден од методите на функционирање и работење во периодот на владеење на Зоран Заев, беше методот евро за Вицето. Тоа беше начин на кој Заев ги рекетирал граѓаните додека го водеше градот Струмица. Немаше инвестиција да помине во градот, а Заев да не побара евро за брат му, Вицето. Цела јавност го слушна Заев како вели дека сите во Струмица на кои им легализирал објекти, плаќале по истата шема – евро за Вицето. Ова ли е искуството и методот на работа на Заев, на кој Филипче се воодушевува? Дали Филипче учи од Заев кој ја ограби Македонија и кој после си донесе измени на Кривичниот законик со цел да не одговара за ништо? Учи ли Венко Филипче од неговиот ментор и учител, Заев, како да рекетира? Следствено на ова, се покренува прашањето се бори ли Филипче за власт, за да може да го имплементира методот на неговиот претходник и учител Заев, евро за Вицето?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, од друга страна, велат од партијата, добро е што Филипче јавно и јасно им стави до знаење на граѓаните, за никој да нема дилема дека тој е ученик и послушник на Заев, кого го интересира само да се дограби до власт за да ги применува неговите методи и добро разработени рекетарски шеми, со кои ја ограби и опустоши Македонија.