Концерт на данскиот музички состав ЕФТЕРКЛАНГ на 1 мај во Паблик рум

Точка

28/04/2025

15:38

291

Големина на фонт

а а а

Данскиот музички состав ЕФТЕРКЛАНГ ќе оджи концерт на отворено во културниот центар Паблик рум на 1 мај.

Настанот, кој е замислен како “пикник – концерт” ќе започне во 14 часот.


ЕФТЕРКЛАНГ е дански бенд составен од три пријатели од детство, Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг. На 27 септември 2024 година го објавија нивниот 7 студиски албум насловен како “Things We Have In Common” со што ја започнаа својата светска турнеја.

Документарниот филм, “Efterklang: The Makedonium Band” во режија на Андреас Јонсен во кој свое продуцентско учество зазема и јавната културна установа МКЦ, беше премиерно прикажан во рамки на фестивалот “CPH:DOX” во Копенгахен, додека домашната премиера се реализираше во рамките на минатогодишниот филмски фестивал Синедејс.


Билетите за концертот на 1 мај се ограничени и може да се набават на веб страната bileti.drugastrana.mk.