[ФОТО] Се возела на веспа со папата, го завела и Ал Пачино, а за малку ќе го растурела и Бјело Дугме: Бурното минато на првата старлета во поранешна Југославија

Точка

28/04/2025

17:15

1.944

Големина на фонт

а а а

Дијана Нивен Беќировиќ беше позната како една од најубавите жени од 80-тите години и беше првата и најпозната старлета од поранешна Југославија, која ги освои срцата на најголемите заводници. Таа ја започна својата успешна кариера како модел на 14-годишна возраст, по што изгради завидна меѓународна кариера, работејќи како новинарка која интервјуирала бројни познати личности.

Но таа им го одзеде здивот на бројни мажи, позирајќи на насловни страници кои дотогаш беа резервирани претежно за разголени американски девојки.


Родена во 1962 година во сиромашно семејство во Лукавац во близина на Тузла, каде што пред таа 1981 година никој не се фотографирал гол, таа го направи тоа позирајќи за „Старт“. На модните агенти не им требаше многу за да ја забележат Дијана, а веќе во 1984 година Дијана заминала во Италија каде што стана модел за познати брендови како што се Версаче и Ла Перла.


Инаку средното училиште го завршила во Сараево, а во меѓувреме – необично убавата Дијана – снимала реклами за социјалистичките економски гиганти. Во последен момент се откажала од студиите по глума и се запишала на новинарство. Подоцна, дипломирала на уште два универзитета.

Колку била успешна во новинарската работа, сведочи и фактот дека папата Јован Павле II ѝ дал интервју три пати, исто како и Бенедикт XVI кога сè уште бил кардинал.


Остана запаметено и дека последното интервју го направила со познатиот возач на Формула 1, Аиртон Сена. На 1 март 1994 година, Бразилецот загина во несреќа за време на Големата награда на Сан Марино, а два дена претходно, Дијана разговарала со него за прашања околу животот и смртта.


Од Рим, Дијана заминала во САД со Ахмет Етергун, продуцент кој бил задолжен за кариерите на најголемите музички ѕвезди како што се Ролинг Стоунс, Лед Цепелин, Реј Чарлс и Арета Френклин, а таа работела како негова секретарка петнаесет години, и имала можност да ги запознае и заведе најголемите светски ѕвезди. Имено таа била во врска со бројни познати личности, како од домашната, така и од странската сцена, а најпознатите имиња меѓу нив секако се Ал Пачино и Горан Бреговиќ.


„Сите паѓаа пред Мајкл Корлеоне, но не и јас. Тој не беше мој тип. Го запознав Ал Пачино кога го снимаше „Кум“. Се забавувавме, но тој беше вечно напнат и секогаш параноичен во врска со папараците. Редовно се плашеше дека ќе биде фатен. Мојата задача е да го направам мажот – маж, а неговата да ме направи жена. Не го почувствував тоа кај Пачино, туку само неговото врело его“, раскажала Беќировиќ за деталите од врската со холивудскиот актер. Со текот на времето, неговото однесување почнало да ја вознемирува и таа не сакала да ги исполнува неговите наредби.


„Почна да ми дава наредби кога бевме надвор навечер. Како на пример, „ајде веднаш да си одиме дома“.

Јас му одговарав: „Можеш да си одиш“. Ал е прекрасен тип, но иако многумина го гледаат како „Кум“ или „Скарфејс“, јас го доживував како неопуштена личност. Можеби дури и со акумулирани комплекси“, рекла таа.

Но, Дијана била во врска и со фронтменот на „Бјело Дугме“, Горан Бреговиќ, а обожавателите се плашеле дека бендот ќе се распадне поради неа, бидејќи клавијатуристот Владо Правдиќ исто така бил заљубен во неа.


„Ме обвинија дека речиси го растурив „Бјело Дугме“. Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ. Тој беше заљубен во мене, но одеднаш се појави Горан Бреговиќ. А кога Горан сака нешто, го добива. И тогаш започна конфликтот меѓу двајцата членови на „Дугме“. И дали Горан ме „украде“ од Влада? Па, ме украде“, раскажала Беќировиќ.

Додека пак поради една вечера со Силвио Берлускони, таа била обвинета за падот на италијанската влада, за што ги тужела италијанските весници, а Ники Лауда, кој бил многу љубоморен, се истепал во еден бар поради неа. Здравко Чолиќ и Мик Џегер наводно биле дел од списокот на нејзините љубовници, а се пишувало дека Арнолд Шварценегер отворено ѝ се додворувал.


Денес, Дијана Беќировиќ живее во Лос Анџелес, каде што дипломирала на Американскиот филмски институт. Пред неколку години, таа ја промовирала книгата „Мојата приказна“ во која открила бројни детали од нејзиниот живот. Меѓу другото, се потсетила дека Ники Лауда се борел поради неа, дека папата Бенедикт XVI ја возел на веспа, дека ѝ се додворувале Род Стјуарт и Кевин Костнер и дека разговарала со папата Јован Павле II иако била „пијана и во мини здолниште“.


Исто така, Дијана и понатаму води сметка за нејзиниот изглед и често споделува фотографии на Инстаграм.