Александар Зверев излезе како победник во интересниот дуел со Давидович Фокина и најде решение за Шпанецот па два одиграни тајбрејка, но пред да направи пресврт, Германецот доби и јавна опомена од главниот судија Лајани.
Поради една сомнителна топка, Зверев бараше од главниот судија да се симне на теренот и да ја провери трагата од топчето, но бидејќи веќе некое време се користи „соколово око“ во замена за линиски судии, одлуката не може да се менува.
Компјутерот важи за систем кој прави далеку помалку грешки од човекот, но Саша веќе не е баш убеден во тоа, особено откако ја сликаше трагата од топчето со својот телефон.
Германецот доби опомена поради тоа што го извади телефонот и ја сликаше трагата на земјата, но фактот што Саша реши да ја сподели сликата со сите на социјалните мрежи, истовремено отвори и голема дебата околу веродостојноста на донесената одлука.
– Само ќе го оставам ова тука….. Оваа топка беше јавена како добра, тоа е навистина интересна одлука, – порача Зверев.

Clay court tennis always delivers 📸😳#MMOpen pic.twitter.com/OqV8SAteyr
— Tennis TV (@TennisTV) April 27, 2025





