Вчера во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-село Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 49-годишниот Н.Л. од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час.
Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.