Хуманитарна помош во форма на храна, лекови и гориво не е пристигната во Појасот Газа веќе 60 дена бидејќи Израел ја блокира, а хуманитарните организации се оставени без храна за дистрибуција.
Околу 2,3 милиони Палестинци во Газа сега живеат претежно од конзервиран зеленчук, ориз, тестенини и леќа, а месото и млекото се храната што исчезна, пренесува АП. Во исто време, кујните на луѓето во Газа остануваат без храна, пренесува Танјуг.
Израел воведе ембарго за помош на 2 март, а потоа ја обнови својата офанзива врз Газа на 18 март, прекршувајќи го двомесечното примирје. Како што е наведено, двата чекори беа преземени за да се изврши притисок врз Хамас да ги ослободи преостанатите заложници. Групите за човекови права ја нарекоа блокадата тактика што го загрозува целото население и претставува потенцијално воено злосторство.
Лекарите предупредуваат дека најранливи се децата на кои им недостасуваат протеини и други хранливи материи, што може да има долгорочни последици.
ОН објави дека утврдиле дека 3.700 деца страдале од неухранетост во март, што е за 80 проценти повеќе отколку во февруари. Израел претходно тврдеше дека има доволно хуманитарна помош во Газа откако нејзината испорака се зголеми за време на прекинот на огнот и го обвини Хамас дека ја пренасочува помошта кон сопствени потреби.
Хуманитарните работници го негираа ова, велејќи дека ОН строго ја следи дистрибуцијата.