Северна Кореја потврди: Нашите војници се борат за Русија во војната против Украина

Макфакс

28/04/2025

07:56

740

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по наредба на лидерот Ким Џонг-ун и дека дала важен придонес во ослободувањето на руската територија окупирана од Украина.

Победничкиот крај на битката за ослободување на рускиот регион Курск го демонстрираше „највисокото стратешко ниво на цврсто воено пријателство“ меѓу Северна Кореја и Русија, соопшти државната новинска агенција КЦНА, цитирајќи ја изјавата на севернокорејската владејачка партија.

Русија минатата недела соопшти дека украинските сили се протерани од последното руско село што го држеле, иако Киев го негираше тврдењето и рече дека нејзините трупи сè уште дејствуваат во Белгород, уште еден руски регион што граничи со Украина.


Ким Џонг-ун донесе одлука за распоредување трупи согласно договорот за стратешко партнерство што го потпиша со Владимир Путин минатата година.

Русија за прв пат во саботата потврди дека севернокорејски војници се борат заедно со Русите во Курск, објави Ројтерс.

Ниту Русија ниту Северна Кореја претходно не го потврдија ниту го негираа распоредувањето.