Најмоќниот природен антибиотик: Речиси и да нема тегоби кои листот од ова растение не може да ги излекува

Точка

26/04/2025

14:30

2.676

Големина на фонт

а а а

Жалфијата е едно од најздравите растенија кое може да се смета и за најдобар природен антибиотик.

Латинското име на жалфијата „Salvia officinalis“ потекнува од зборот „salvare“ што значи да се спаси или излекува, а во своите дела го спомнувале и античките писатели кои најмногу се занимавале со теми од областа на медицината.

Римјаните уште пред 2000 години многу го ценеле ова растение и го употребувале за лекување.

Целото растение е многу ароматично и својствено мириса, а од жалфијата исклучиво се користи само листот.


Во минатото луѓето почесто ја користеле моќта на жалфијата. Во стара Грција била користена за лекување на грозница, камен во бубрег, но и нередовна менструација. Во минатото се садела речиси во секоја градина, а поради тоа што се сметало дека лекува многу болести, го добила статусот света била.

Инаку, таа содржи етерични масла, потоа танини, горчливи супстанции, протеини, скроб, калциум оксалат, соли на фосфорна киселина, калиум и калциум.

Векови наназад жалфијата се користела против воспаление на грлото, а чајот им се давал и на луѓето болни од туберкулоза.

Поради нејзиното поволно дејство во усната празнина, екстрактот од жалфија често се додава и во пастите за заби. Ефикасна е и кај болести на органите за дишење затоа што поттикнува исфрлање на слуз.

Жалфијата како чај исклучително делува при дијареја, болки и грчеви во желудникот. Исто така може да лекува ревматизам и нарушувања поврзани со слични болести.

Во докторски студии било откриено дека ова растение го спречува создавање ензими кои негативно влијаат на помнењето.


Научниците веруваат дека жалфијата има антиоксиданти и противвоспалителни влијанија кои можат да помогнат и во лекување на деменција и Алцхајмер.

Во народната медицина таа се користи за лекување на нервите, но и чистење на крвта.

Може да се користи и како кулинарски зачин затоа што го поттикнува варењето на храната, а ја намалува и надуеноста. Некои од докторите ја користат и при грчеви, болести на жлездите и тремор.