Муцунски: Дипломатскиот пасош не ѝ дава имунитет на претседателката на ДКСК

Макфакс

26/04/2025

09:47

562

Големина на фонт

а а а

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случаДимитровска завчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје. Судијата, постапувајќи по предлогот на Обвинителството, ѝ определи мерки за претпазливост, вклучително и забрана за преземање на одредени работни активности.

Димитровска завчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје. Судијата, постапувајќи по предлогот на Обвинителството, ѝ определи мерки за претпазливост, вклучително и забрана за преземање на одредени работни активности.

Минатата година, Татјана Димитровска доби дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи, со што ѝ беше овозможено да патува без чекање на пасошка контрола при влез и излез од државата. Иако и останатите шест члена на Комисијата побарале ваква привилегија, не им била одобрена.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во изјава за „Сител“ во емисијата „Тема на денот“, појасни дека поседувањето дипломатски пасош не носи автоматски имунитет и не може да влијае врз истрагата.

„Самиот дипломатски пасош на наш граѓанин не значи дека тој ужива било какви права поврзани со некоја форма на имунитет. Што значи дека истиот не може да влијае на самата постапка која се спроведува од нашите органи и во моментот кога ќе престане функцијата на таа поединечна личност, секако МНР ќе го одземе тој дипломатски пасош“, изјави Муцунски.

Тој додаде дека, иако постои презумпција на невиност, од морални и етички причини Димитровска треба да поднесе оставка.

„Логично е кога сте опфатени со ваков тип на постапка, почитувајќи ја и презумпцијата на невиност, ова го велам пред сѐ како човек, не како министер – логично е да дадете оставка. Тоа не треба, според мене, да влијае на кредибилитетот на сите останати членови на таа комисија“, истакна Муцунски.