Трамп: Прилично сме блиску до мировен договор со Русите

Макфакс

25/04/2025

18:46

402

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп денес, пред да замине за Рим на погребот на папата Франциско, изјави дека Соединетите Американски Држави и Русија се блиску до постигнување договор.

„Мислам дека на крајот ќе склучиме многу добри зделки… Ќе се обидеме да се извлечеме од војните за да спасиме 5.000 луѓе неделно. Тоа е мојата цел. Сакам да спасам 5.000 млади мажи – претежно Украинци и Руси – 5.000 украински и руски мажи, и би ми било голема чест ако можам да го направам тоа“, рече Трамп.

„И мислам дека сме доста блиску“, додаде тој. Трамп не објасни од каде доаѓа проценката за 5.000 спасени луѓе неделно.

Во последните денови, Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за поткопување на мировните преговори со тоа што одбива да го признае рускиот суверенитет над Крим. Вчера тој го повика Владимир Путин да „ги запре нападите“ и да „постигне договор“.