Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „Боинг“ треба да ѝ наплати на Кина, бидејќи не ги исполнила своите обврски и не ги примила авионите што ги нарачала, пренесува Танјуг.
„Боинг треба да ѝ наплати на Кина за тоа што не ги зема убаво завршените авиони што Кина се обврза да ги купи. Ова е само мал пример за тоа што Кина им го правеше на САД со години. И, патем, фентанилот продолжува да тече во нашата земја од Кина, преку Мексико и Канада, убивајќи стотици илјади наши луѓе, и подобро е да престане сега“, напиша Трамп на мрежата Truth Social.
Компанијата „Боинг“ објави дека потенцијално сака да препродаде десетици авиони наменети за Кина, кои се блокирани од царината, откако врати три авиони од Кина, наменети за продажба во таа земја, во САД, објави „Ројтерс“.