[ФОТО] Дали е ова новиот "iPhone 17"? Ако гласините се покажат како точни, добиваме целосно редизајниран телефон

Точка

24/04/2025

21:58

1.993

Големина на фонт

а а а

Се појави видео од наводно ултратенкиот телефон кој "Apple" го најавува веќе извесно време, а веднаш по потенцијалниот "iPhone 17 Air", на интернет се појавија и фотографии од целата нова серија уреди.

Се разбира, сè уште станува збор само за шпекулации, но според досегашните информации, серијата "iPhone 17" би требало да добие целосно нов дизајн на камерата.

На фотографиите се прикажани модели во црна и бела боја – од лево на десно: црниот "iPhone 17", потоа "iPhone 17 Air", "iPhone 17 Pro", и на крајот "iPhone 17 Pro Max".


Целата постава се состои од: "iPhone 17", "iPhone 17 Air", "iPhone 17 Pro" и "iPhone 17 Pro Max".


Се очекува сите овие уреди официјално да бидат претставени во септември, а "iPhone 17 Air" особено се издвојува како најтенок уред досега со само 5,65 мм дебелина – што е значајна разлика во споредба со сите претходни "Apple" телефони.