Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение

Дерби

24/04/2025

13:29

863

Големина на фонт

а а а

Интер остана без сили да се наптреварува на три фронта и вчера доживеа елиминација во полуфиналето на Копа Италија, па така само Барселона и ПСЖ останаа како два тима кои имаат реални шанси да се борат за „триплета“ во Европа до крајот на сезоната.

Италијанскиот првак претрпе тежок пораз од Милан со резултат 3:0 и се беше решено кога истекуваше 90-та минута, а во тој момент, се случи и една ситуација која привлече навистина големо внимание.

Симоне Инѕаги како тренер на Интер побара поголем респект од страна на судиите, па му забрани на четвртиот судија да покаже судиско надополнување.

Во моментите кога требаше да бидат покажани пет минути продолжение, Инѕаги едноставно збесна крај аут линијата и му порача на четвртиот судија воопшто да не го крева семафорот, па на крајот беше испочитувана неговата желба и беше отсвирен крај брзо по истекот на 90-та минута.

– Не сакам дополнително време, немој да се зае..ваш со мене, нека нема дополнително време, – бесно викаше нервозниот Инѕаги.