Шансите на Голден Стејт да оствари втора победа на гостувањето кај Хјустон значително опаднаа уште во првата четвртина, а причина за тоа беше лошата повреда која ја заработи Џими Батлер.
Ѕвездата на „воините“ имаше ужасен пад на паркетот по едно лошо подместување од Ејмен Томпсон, па ситуацијата беше до толку лоша, што Стеф Кари посебно се загрижи за здравјето на совјот соиграч.
Најдобриот играч на Голден Стејт се фаќаше за глава со оглед на тоа што Батлер падна пред негови очи, а сега заедно со сите соиграчи ќе биде во исчекување на медицинските тестови.
Батлер на свои нозе го напушти теренот и тоа беше добра вест за сите, но сепак не се врати на паркетот до крајот на мечот кој Голден Стејт го загуби со 109:94.
Во овој момент, сите фанови на Голден Стејт се надеваат дека се работи само за контузија, бидејќи ако има скршеница, Џими ќе ја заврши сезоната во најважниот дел од разигрувањето.