Бостон и Кливленд поведоа со 2:0, Хјустон го возврати ударот и израмни против Голден Стејт

Дерби

24/04/2025

10:55

4.327

Големина на фонт

а а а

Плејоф фазата во НБА лигата е во полн ек и рано утрово се одиграа нови три натпревари во Америка, а на два од нив, фаворитите за пласман во следната фаза се на половина пат до такво нешто.

Бостон Селтикс и Кливленд Кавалирс одново оставрија рутински победи и го одбрани домашниот терен, па јасно е дека Орландо и Мајами влегуваат со голема негатива пред селењето на сериите на Флорида.

Рано утрово, домашна победа исто така оствари и Хјустон, но за разлика од Бостон и Кливленд, рокетси го загубија првиот меч од Голден Стејт и сега ја израмнија серијата на 1:1.

Бостон беше доминантен цел меч и заслужено славеше со 109:100 во меч во кој одново блескаше Џејлен Браун со 36 поени и 10 скокови, Кливленд беше предводен од Мичел (30 поени) и Гарланд (21 поен) за триумф од 121:112, додека Хјустон профитираше од повредата на Џими Батлер и славеше со 109:94.

Џејлен Грин одигра неверојатен натпревар и го заврши истиот со 38 поени зад своето име, додека најефикасен во редовите на Голден Стејт беше Кари со 20 поени.