„Тандемот Заев-Филипче треба да каже од каде им се милионските трансакции кон Дубаи, дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

24/04/2025

09:39

670

Големина на фонт

а а а

„Наместо празни зборови и небулозни соопштенија СДС треба да ги охрабри Заев и Филипче да одговорат на едно едноставно прашање. Заев и Филипче да кажат дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи? Додека Заев, како инвеститор, гради згради во Дубаи и му прави засолниште на Филипче, тој му ја чува фотелјата во СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тандемот Заев-Филипче треба да и каже на јавноста од каде им се милионските трансакции кон Дубаи и на кој начин ги стекнале тие средства, дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи?

Зоран Заев со една рака на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше и делеше стотици милионски тендери на своите роднини и фирми. И додека се празнеше буџетската каса, а народот осиромашуваше, Заев профитот и провизиите од криминалните зделки ги инвестира во Дубаи каде што најде сигурно прибежиште.

Филипче, продолжената рака на Заев, додека му го чува партиското столче и глуми загрижен за социјалдемократските вредности да им каже на сопартијците и граѓаните дали поседува златна виза и дали има луксузен стан во Дубаи?

Додека Заев и Филипче инвестираат и се луксузираат во Дубаи и во слободно време се веселат со Харис Џиновиќ, народот поради низата погрешни политики на СДС размислува како да го помине месецот.

Јавноста и граѓаните заслужуваат одговори а не изговори или молк. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.