Голема полициска акција: Сомнежи за злоупотреби во прилепската болница, се вршат претреси на осум локации

Макфакс

15/04/2025

13:15

5.848

Големина на фонт

а а а

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а во тек се претреси на осум локации.

„Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствата ги презема Управата за финансиска полиција“, информираа од Обвинителството.


По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејства за обезбедување докази.