Емери: Сакаме да испишеме историја

Дерби

15/04/2025

10:49

477

Големина на фонт

а а а

Астон Вила е домаќин на вториот натпревар со ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите, меч на кој премиерлигашот ќе влезе со негатива од 3-1.

Домаќините ќе имаат тешка задача за да дојдат до билет за полуфиналето, односно да го матираат тимот кој едноставно „лета“ во 2025 година и со своите изданија дури се наметна за фаворит за освојување на пехарот.

Тренерот Унаи Емери многу добро знае што значат овие европски вечери, па е уверен дека како група ќе направат се за да испишат историја.

- Имам искуство со пресврти – позитивни и негативни. Но, ова е нешто различно. Сакаме да испишеме историја со Астон Вила – минатата година во Конференциската лига, оваа година во Лигата на шампионите и се надевам во наредните години во Европа.

- Во Париз одигравме како што сакавме, но резултатот очигледно не беше онаков каков што се надевавме. Нашите очекувања се да постигнеме добар резултат во реваншот. Секако, тоа што го добија првиот со 3:1 менува нешто, но не многу. Зошто? Затоа што мораме да победиме, - порача Шпанецот.

Средбата меѓу англискиот и францускиот тим се игра вечерва од 21 часот.