Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека „дозволил“ почеток на војната во Украина. Во објава на Truth Social, американскиот претседател напиша: „Претседателот Зеленски и Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа дозволувајќи оваа пародија да започне. Имаше толку многу начини да се спречи, дури да започне.“
Трамп, исто така, тврди дека доколку останел во Белата куќа по првиот мандат, војната никогаш немаше да започне. „Ако претседателските избори во 2020 година не беа наместени, а беа, на толку многу начини, таа ужасна војна никогаш немаше да се случи“, рече тој.
Трамп го објави овој последен статус еден ден по рускиот напад со балистички ракети врз украинскиот град Суми.